logo
logo
logo

Акциски контроли во Желино и Зубовце: Седум странски државјанки ќе одговараат за злоупотреба на туристичкиот престој

Vecer | 10.07.2025

Акциски контроли во Желино и Зубовце: Седум странски државјанки ќе одговараат за злоупотреба на туристичкиот престој

На 09/10.07.2025 во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект – ноќен бар во с. Желино, сопственост на J.Ф. (47) од с. Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој. При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Р Албанија, на возраст од 24 до 50 години. Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во с. Зубовце, гостиварско, сопственост на Р.Б. (50) од с. Добридол, затекнати се две државјанки на Р Албанија, на возраст од 33 и 36 години.

Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во Полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk