ВО ЖИВО | 35 ГОДИНИ МЛАДИНСКА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: „Нашата генерација – нашата Македонија“ – младите на ВМРО-ДПМНЕ со поглед кон иднината!

Vecer | 22.11.2026

ВО ЖИВО | 35 ГОДИНИ МЛАДИНСКА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: „Нашата генерација – нашата Македонија“ – младите на ВМРО-ДПМНЕ со поглед кон иднината!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во салата „Расадник“ во општина Кисела Вода денеска се одржува 35-тата годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“.

На конференцијата присуствуваат членови, активисти и претставници на младинската организација, а предвидени се обраќања на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Христијан Мицкоски, како и на претседателот на Унијата на млади сили, Тодор Конески.

Овогодишната конференција се одржува под слоганот „Нашата генерација – нашата Македонија“, со кој во фокусот се става улогата на младите во општествените и политичките процеси, нивното учество во креирањето на иднината на државата и предизвиците со кои се соочува младата генерација.

35-тата годишна конференција претставува редовен собир на младинската организација, на кој се отвораат прашања поврзани со нејзиното функционирање, активностите и идните насоки на делување.

Следете ги случувањата и обраќањата од конференцијата во живо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk