Коалицијата на ВРЕДИ го финализираше договорот за распределба на кандидатурите за локалните избори што ќе се одржат во октомври годинава, објави денеска порталот ИНА.
Според порталот, договорот е постигнат по клучната средба што се одржала синоќа меѓу лидерите на партиите членки на коалицијата за неколку од клучните општини со мнозинско албанско население во земјата.
Според договорот кандидати за градоначалници од коалицијата ВРЕДИ ќе бидат:
- во Чаир – Изет Меџити,
- во Тетово – Билал Касами,
- во Кичево – Фатмир Лимани,
- во Гостивар – Фадил Цана,
- во Сарај – Мухамед Елмази,
- во Дебар – Фисник Мела,
- во Боговиње – Фети Абази,
- во Теарце – Даут Мемиши,
- во Желино – Блерим Сејдиу,
- во Брвеница – Хаќим Рамадани,
- во Студеничани – Афет Јашари,
- во Липково – Неџмедин Садику,
- во Врапчиште – Хамит Шабани и
- во Арачиново – се очекува одлука меѓу двајца кандидати.
Кандидатите за градоначалници се очекува формално да бидат потврдени и официјализирани од раководството на коалицијата ВРЕДИ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата