Две деца и тројца возрасни се повредени во сообраќајната несреќа која во саботата вечерта околу 20 часот се случи пред селото Палчишта на делницата од автоматот Гостивар-Тетово, извести денеска Министерството за внатрешни работо.
Во судирот учествувале автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал 23-годишен жител на тетовскот село Урвич, и автомобил „мерцедес“ со австриски национални ознаки со кој управувал 27-годишнил од тетовското село Пирок.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“ С.Х. и сопатникот од патничкото возило „мерцедес“ Р.С.(52) од с.Пирок, тетовско, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Т.С.(29) од Австрија и две деца, како и возачот на патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Клиничка болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје“, се наведува во соопштението на МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата