Холивудската филмска ѕвезда Орландо Блум (48) потрошил дури 11.800 евра за да отстрани пластика од својата крв! А за нас особено е интересно која медицинска метода е употребена за оваа намена - за прочитување на крвта од хемикалии и пластични микрочестички.
За таа цел клиниката во Лондон на Орландо Блум му применила - хемофилтрација.
Орландо Блум поминал третман во специјализирана клиника во Лондон вреден најмалку 10.000 фунти (околу 12.000 евра е почетната цена на третманот) за отстранување на токсични хемикалии и микроплатсика од неговата крв.
48-годишниот актер сподели фотографија од себе во клиниката „Кларифај“ во понеделник (09.06.25) каде што се подложил на двочасовна процедура, која може да го намали воспалението со отстранување на микропластика, хемикалии и токсини од вашата крв.

Тој напиша покрај фотографијата на Инстаграм: „Ви благодарам за помошта @clarifyclinics - нов начин за отстранување на микропластика и токсични хемикалии од нашите тела.“
Цената на една сесија од процедурата - која ги отстранува несаканите елементи со употреба на Clari со ознака CE од Marker - започнува од 9.750 фунти но, зависно од пратечките услови може да биде и двојно поскапа.
Накусо, хемофилтрацијата применета за прочитување на крвта од опасни бактерии и вируси, особено во време кога на Клиниката Жан Митрев таа се употребувала како помошна медицинска метода за тешко заболени од Ковид 19, во Лондон е барана и скапо плаќана од луѓе кои се и добро претходно информирани, и советувани од врвни лични доктори. Во Скопје “невладините експерти“ во хемофилтрацијата видоа измама, и нивниот глас итно се претвори во обвинение од страна на обвиноителите под контрола на тогашната влада на СДСМ и ДУИ.
А судењето на кардиохирургот Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев станува тема за која е веќе јасно дека е менаџирана од заинтересирана страна на тогашната власт, а спроевдувана преку избрани обвинители. Само кус увид во едно од судењата дава јасни докази за тоа.
Дали сведоци во судот треба да го говорат својот став, своте информации и нивните настани, или треба да читаат и зборат при сведочењето што им напишал или конципирал обвинителот? Одговорот е секиому јасен, ако е сведок нека биде сведок, ако обвинителот гради сведочење тогаш не е обвинител туку е ментор на сведокот... А еве како изледа кога токму тоа се случува:

Голема аномалија се случила за време на судењето на Жан Митрев кога сведок на обвинителството се обидел да сведочи читајќи од записникот за негов исказ даден во обвинителството кој што е составен од обвинителот при неговото сослушување, а записникот му го дала обвинителката Искра Хаџи Василева.
Оваа ситуација се забележува по повтореното изведување на доказите на Јавното обвинителство со репродукција на видео записникот од судењето во процесот против Жан Митрев во кое сега уште појасно се гледа дека сведоците не само што не ги потврдуваат наводите на обвинителството туку прават и прекршувања на законот, во случајов со читање на записникот за негово испитување составен од страна на обвинителот.
Дополнително, на повтореното изведување на доказите на Јавното обвинителство со репродукција на видео записникот се забележува дека на обвинителката не и е јасно дека оваа ситуација е забранета со закон, или сепак го знае тоа но останувајќи без правни аргументи свесно се применува злоупотреба на севдок.
Од видеото се гледа дека обвинителката признава дека направила нешто спротивно на законот за што добива објаснување и од судијата која и физички го одзема записникот од сведокот.
На судењето адвокатот Никола Додевски поставува процедурално прашање до судијата и бара да не се дозволи сведокот да користи исказ кој е забранет:
,,Сведокот има напишан исказ пред себе, отчукан на машина. Ве молам да не се дозволи тоа да го има пред себе и да го дава исказот само на прашања. Сведокот го има исказот од обвинителство”, вели адвокатот Додевски.
Судијката се согласува со адвокатот Никола Додевски како одбрана на Жан Митрев, бара сведокот да не ја користи белешката и да дава изјава според сеќавање.
,,Што сте кажале во текот на постапката, значи поентата на испитување на сведоците и оштетените е пред судот да дадат исказ за фактите кои што странките кои што ги предложиле ценат дека се релевантни. Доколку не се сеќавате на нешто што сте кажале ќе кажете, а поентата на испитувањето е и одбраната да има можност да ја испита кредибилноста на сведокот односно дали е вистина тоа што го зборува. Заради тоа овој исказ нема да го користите”, вели судијката која со тоа ја урива кредибилноста на исказот на сведокот на обвинителството.
На тоа јавната обвинитлка Искра Хаџи Василева реагира и на адвокатот Додевски му вели: ,,Јас сум го дала колега, има право да го има, ја не знам шо Ви се поентите”.
Ова е во директна спротивност со налогот на судијката која бара сведокот да не користи исказ кој воопшто не смеел да биде даден на сведокот.
Обвинителката најверојатно не знаела дека законот не дозволува сведокот воопшто да го има исказот што од него го земал и формулирал јавниот обвинител во предистражна или истражна постапка, а камоли да го чита таквиот исказ пред судот.
Тоа што исказот на сведокот му е даден од обвинителот значи дека му е даден за да го подготвува исказот така како што е формулиран од обвинителот. Тоа е всушност и признавање дека процесот е конструиран од обвинителството.
Врз основа на записи од повторното судење expres.mk направи видео реконструкција на дел од судењето кое што со помош на дигитални технологии ви ја пренесува атмосферата во судницата при повторното изведување на доказите на ОЈО а се темели на изјавата на сведокот, на судијката, обвинителката и одбраната на Жан Митрев.
Видеото со реконструкција на настаните не содржи оригинални снимки од судењето туку е направено со помош на записи од судењето и дигитална технологија. Дел од видео материјалите се генерирани со вештачка интелигенција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата