Мицкоски: Падна уште една лажна хистерија на СДСМ. АЛТА БАНКА БИТОЛА РАБОТИ - И ЌЕ РАБОТИ

Vecer | 22.11.2026

Мицкоски: Падна уште една лажна хистерија на СДСМ. АЛТА БАНКА БИТОЛА РАБОТИ - И ЌЕ РАБОТИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

СДСМ во серија шири лажни вести со цел вознемирување на јавноста и поткопување на угелдот на актуелната влада, од лажните тврдења дека во 2026 Макеоднија ќе прими мигранти од Европа, загрозување на пензискиот систем па се до милкиони евра кои Алта Банка Битола ги примила од Србија и исплатила во Русија како и дека парите од Алта Банка Битола нема да ги добијат граѓаните и фирмите кои се деловни пратнери на банката. 

Од сето тоа - ништо не излезе како точно. Напротив. Нема приливи на милиони евра од Србија за Алта Банка Битола, нема исплати кон Русија а парите на граѓаните и фирмите се безбедни и веќе можат да ги користат. Алта Банка очекува купувач и со новиот сопственик продолжува нормално со работа.

Опозицијата ќе остане разочарана. „Алта банка АД Битола“ ќе се спаси, а парите ќе останат кај граѓаните, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на годишната конференција на Унијата на млади сили.

„Погледнете како дезинформираат и манипулираат со последниот случај со Алта банка која е всушност увезен проблем затоа што мајката банка во Србија пропадна. Среќа во очите им излегуваше што мислеа дека ќе пропадне банката и луѓе ќе загубат пари.

Притоа многу лесно го заборавија случајот со Еуростандард банка каде луѓето вистински загубија пари преку свесно и намерно обезвреднување на капиталот на банката.

Притоа директно ме нападнаа дека јас нешто наводно сум договарал, а тие самите години наназад започнале деловни односи со Алта Банка Србија и со истиот тој сопственик за што покажав и документи.

Па потоа почнаа да шират информации и делат обвинувања дека наводно можел да ја купи банката некој криминалец. Морам да им кажа дека ќе останат разочарани, а граѓаните задоволни. Банката ќе се спаси. И парите ќе останат достапни за граѓаните. Жална вест за опозицијата, добра и среќна за Македонија“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk