Премиерот Христијан Мицкоски со министерката за образование Весна Јаневска денеска извршија увид на градежни активности на изградба на спортска сала во ООУ „Кочо Рацин“ во населено место Огњанци, Општина Петровец.
Како што соопшти владината прес-служба Мицкоски потоа ќе изврши увид на изградба на три улици во населено место Ржаничино, како и увид на асфалтирање на локалниот пат Катлановска бања – Градманци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата