logo
logo
logo

ИНЦИДЕНТ ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ Приведени две лица поради напад на обезбедувањето

Vecer | 24.07.2025

ИНЦИДЕНТ ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ Приведени две лица поради напад на обезбедувањето

Двајца мажи од Скопје, на возраст од 44 и 50 години, се уапсени откако во средата попладне предизвикале инцидент и физички напад во скопската болница „8 Септември“, информираат од МВР.

Како што соопшти полицијата, вчера во 14.10 часот, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П. (44) и А.Б. (50), двајцата од Скопје.

„Според пријавата, во Градската општа болница ‘8 Септември’ тие агресивно се однесувале кон вработените, а лицето А.Б. физички го нападнало И.И. (33) од селото Грчец, кое бил ангажирано како обезбедување во установата“, информираат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци против двете лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk