logo
logo
logo

ТОА Е КАКО „ГЛУШЕЦ ДА ГО ЗАДЕВА ЛАВОТ“ Мицкоски одговори на навредата од бугарскиот министер

Vecer | 10.07.2025

ТОА Е КАКО „ГЛУШЕЦ ДА ГО ЗАДЕВА ЛАВОТ“ Мицкоски одговори на навредата од бугарскиот министер

На провокациите на бугарскиот премиер Георг Георгиев не треба да им се обрнува внимание зашто Георгиев „одработува“ и зашто тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“, како кога „глушецот го задева лавот“.

Вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“.

– Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност. Апелирам и до вас медиумите, оставете го. Тоа е Влада која во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат. Му рекле, му дале задача „ајде сега закачај се“, тоа е исто како кога глушецот го задева лавот – одговори кусо Мицкоски.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, го нарече „северномакедонски“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk