logo
logo
logo

ПОЛЕТУВАМЕ! Од денеска нова авио линија од Охрид

Vecer | 21.06.2026

ПОЛЕТУВАМЕ! Од денеска нова авио линија од Охрид

Од денеска патниците од Охрид и регионот ќе можат директно да патуваат до австриската престолнина, откако официјално започнува со работа новата авиолинија меѓу Охрид и Виена, која ќе ја опслужува авиокомпанијата „Остријан ерлајнс“.

По повод пристигнувањето на првиот лет од Виена, на охридскиот аеродром ќе се одржи прес-конференција, на која ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на Австрија во Скопје, Матијас Хуменбергер, како и Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата „Луфтханза“.

Воспоставувањето на новата авиолинија се очекува дополнително да придонесе за развојот на туризмот и за подобро поврзување на Охрид и регионот со европските дестинации.

Со новата линија, патниците ќе имаат можност за директна авионска врска меѓу Охрид и Виена, а преку мрежата на „Луфтханза“ и пристап до голем број светски дестинации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk