logo
logo
logo

(ВИДЕО) Ова е шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар - ОЈО БАРА ПРИТВОР

Vecer | 29.07.2025

(ВИДЕО) Ова е шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар - ОЈО БАРА ПРИТВОР

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донела Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот вчера попладне, преку една социјална мрежа, се заканил на лице од Струмица дека ќе му ја запали викендицата, а потоа се обидел заканите да ги реализира.

-На локацијата брана Водоча се обидел да подметне пожар и да предизвика поголема имотна штета. Со запален факел од хартија и текстил ги запалил гредите на натстрешницата, кои започнале да чадат и да горат. Со тоа предизвикал ризик од пожар не само на објектот, туку и на повеќе други викенд-куќи и на нискостеблеста и високостеблеста вегетација во непосредна близина, посочуваат од ЈО.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори односно да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Полицијата го уапсила лицето А.Н. шофер на Зоран Заев за подметнување на пожар, изјави утринава Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фактот што шоферот на Заев ги подметнувал пожарите, отвора прашање, каква е вмешаноста лично на Венко Филипче, знаејќи за нивната блискост и поврзаност?

Дали има организирана група во СДС за палење пожари и предизвикување хаос во државата? Ако човек од најблиското опкружување на Заев пали, тогаш се поставува прашањето не само дали, туку колкумина се дел од организирана структура и мрежа на пиромани?“ праша Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ утринава.

Поранешниот премиер и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, негира дека приведениот Александар Николов поради подметнување пожар во Водоча, бил негов возач.

– Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов. Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности – изјави Заев за Фокус.

Тој тврди дека по завршувањето на неговиот градоначалнички мандат воопшто го нема видено Николов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk