logo
logo
logo

ЕДНИОТ СЕ ЗАКАЧИЛ НА ДРВО, ДРУГИОТ ПАДНАЛ НА ЗЕМЈА, настрадаа параглајдеристи во Крушево

Vecer | 13.08.2025

ЕДНИОТ СЕ ЗАКАЧИЛ НА ДРВО, ДРУГИОТ ПАДНАЛ НА ЗЕМЈА, настрадаа параглајдеристи во Крушево

Денеска кај Мечкин Камен, Крушево, се случија два одделни инцидента со параглајдеристи.

Во првиот случај, параглајдерист при индивидуален самостоен лет и при обид за приземјување се закачил на дрво високо околу пет метри и не може безбедно да биде спуштен на земја. Веднаш е извршена координација со Дирекцијата за заштита и спасување со цел упатување на соодветен специјализиран тим за спасување на локацијата.

Во вториот случај, во истата област, друг параглајдерист при лет паднал и здобил тешки телесни повреди, со обилно крварење и состојба на бесознание, потврдено од страна на лекарската екипа која е веќе присутна. Поради сериозноста на повредите, побаран е итен медицински транспорт со воздухоплов до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Центарот за управување со кризи, во координација со Министерството за внатрешни работи, побара хеликоптерот Бел 412, кој беше ангажиран на гаснење пожар во подрачјето Јасен, да биде веднаш преусмерен кон Мечкин Камен – Крушево. Хеликоптерот е во движење кон локацијата и се преземаат сите неопходни мерки за брза и безбедна интервенција.

ЦУК апелира до сите учесници во спортот на параглајдерство да ги почитуваат безбедносните протоколи и да бидат максимално внимателни при изведување на летови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk