Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со делегацијата беше дел од отврањето на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
„Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка. Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси“, објави Мицкоски на социјалните медиуми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата