logo
logo
logo

ССМ не постои, тоа е само СДС ВО СИНДИКАЛНИ МАИЧКИ (ДОКУМЕНТИ)

Vecer | 12.03.2026

ССМ не постои, тоа е само СДС ВО СИНДИКАЛНИ МАИЧКИ (ДОКУМЕНТИ)

ССМ е координирано и управувано од СДС. Целата логистика за таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС. До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој покажа документи кои го потврдуваат неговото тврдење.

-Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев.Ова е Бранко Георгиев, поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС. Бранко Георгиев како главен теренаш на СДС сега е главен теренаш на ССМ. Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион – сега е ССМ, рече пратеникот.

Петрушевски посочи дека ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички.

-Во наредните денови ќе продолжиме со објавување на сите лица од СДС кои го имаат преземено ССМ, рече Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk