logo
logo
logo

Почнуваат уписите на УКИМ: на ФИНКИ ОТВОРЕНИ 1.020 МЕСТА ЗА БРУЦОШИ, на ПМФ – 910

Vecer | 14.08.2025

Почнуваат уписите на УКИМ: на ФИНКИ ОТВОРЕНИ 1.020 МЕСТА ЗА БРУЦОШИ, на ПМФ – 910

Во вторник и во среда (19 и 20 август) е првото пријавување за упис во прва година за додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за академската 2025/2026 година

Според Конкурсот на УКИМ, на 23 факултети слободни се вкупно 9.719 места. Од нив, 4.683 за редовни студенти во државната квота, 4.081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти.

Како и во минатите години, најмногу слободни места има за упис на студиските програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ (1.020), Природно-математичкиот факултет (910), Филозофски факултет (880), Филолошки (810), Медицински факултет (760), Економски (700), Правен факултет (610), Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ (590).

Редовните студенти кои се финансираат од државниот буџет ќе плаќаат партиципација од 200 евра, а тие со кофинансирање на студиите и вонредните ќе плаќаат по 400 евра.

Во објавениот Конкурс на УКИМ се наведени условите и критериумите за запишување, роковите, потребните документи и начинот на аплицирање.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

На 19 и на 20 август е првиот рок за пријавување на кандидатите, вториот рок ќе биде на 11 и на 12 септември, а третиот рок каде што ќе има слободни места – на 24 септември 2025.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk