logo
logo
logo

Потпишани договори за 828 проекти - 230 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ОПШТИНСКА ИНФРАСТРУКТУРА

Vecer | 17.07.2025

Потпишани договори за 828 проекти - 230 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ОПШТИНСКА ИНФРАСТРУКТУРА

Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Потпишани се договори во вредност од околу 14 милијарди денари кои со средствата од првиот повик изнесуваат вкупно околу 20 милијарди денари со кои се финансираат вкупно 1.200 проекти. 

За премиерот Христијан Мицкоски е значајно тоа што аплицирале сите општини без разлика на политичката припадност на градоначалниците. 

-За нас како Влада е многу значајно дека од сите општини, без разлика дали градоначалникот доаѓа од владината коалиција или од опозицијата или е градоначалник којшто е условно независен, се поднесоа проекти и за истите тие проекти денеска ќе ги потпишеме договорите, рече Мицкоски пред свеченото потпишување на договорите.

Со 14 милијарди денари ќе се финансираат 828 проекти.

Премиерот најави дека Владата ќе продолжи да соработува со општините и со градежните компании за идните инвестиции што следат.

Изрази задоволство што на барањето на Министерството за финансии упатено до финансиските институции за изградба на брзата пруга од Коридорот 10 се пријавиле реномирани банки од САД, Обединетото Кралство, Франција и локални банки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk