logo
logo
logo

Генералот Карангелевски го пробивал овој пат, НЕ БЕШЕ РЕКОНСТРУИРАН од годините кога е првпат правен

Vecer | 13.06.2025

Генералот Карангелевски го пробивал овој пат, НЕ БЕШЕ РЕКОНСТРУИРАН од годините кога е првпат правен

-Навистина ми е драго што сме покрај Заливот на Коските, наjпосетуваниот музеј во Македонија којшто од денес ќе е подостапен по еден реконструиран пат. Особено ми е драго што овој пат се реализира. Овој пат е витален за целото крајбрежје, за целиот туризам. Она што ми е особено драго е што се направи еден модерен пат по којшто полесно и побрзо ќе можат да стигаат луѓето кои што живеат на овој дел од езерото, но исто така и туристите да пожат многу полесно да комуницираат, изјави Вицепремиерот Александар Николоски на свеченото пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум.

-Овој пат не беше реконструиран, не беше чепнат на одредени делници од годините кога беше првпат правен, кога во поранешната држава практично генералот Карангелевски практично го пробивал овој пат. Од тогаш до реконструкцијата не беше чепнат најголем дел од патот. Еве го сега завршен, рекоструиран, и како што кажав во можност да помогне на туристите и жителите полесно да комуницираат, нотираше во обраќањето Вицепремиерот Александар Николоски.

-Пред нас имаме уште големи проекти, оваа Влада е само 11 месеци. Влада која се соочи со огромни проблеми. Седум години имаше пустош во Македонија. Инфраструктурните проекти беа целосно застанати, како што беше и овој проект, потенцира Вицепремиерот Николоски.

-Целосно застанат, имаше проблеми дали се однесуваа на реализација на проектот, дали се однесуваа на лошо проектирање, но влеговме ги решивме проблемите, додаде во изјавата Вицепремиерот Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk