logo
logo
logo

Поранешен млин, бил користен за неовластено копање БИТКОИНИ, НА КОПАЧИТЕ ИМ СТИГНА СМЕТКА ОД 260.000 ЕВРА ЗА СТРУЈА

Vecer | 03.02.2026

Поранешен млин, бил користен за неовластено копање БИТКОИНИ, НА КОПАЧИТЕ ИМ СТИГНА СМЕТКА ОД 260.000 ЕВРА ЗА СТРУЈА

Утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, по што на сторителот му е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари или околу 260.000 евра, соопшти ЕВН Дистрибуција.

Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал од МВР да се спроведе пребарување и да се вклучи вешто лице, поради основи на сомневање за кражба на електрична енергија во деловен објект на улица Бутелска во Скопје.

При тоа е констатирано дека противправно се користела електрична енергија преку неовластено приклучување на 3 нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција.

– Деловен објект, поранешен млин, бил користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини – соопшти ЕВН Дистрибуција.

Направен е Записник за неовластено користење, изготвени се наод и мислење од овластено вешто лице. Поднесена е пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk