logo
logo
logo

Мицкоски и Алиу во посета на реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Клиника за урологија

Vecer | 12.08.2025

Мицкоски и Алиу во посета на реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Клиника за урологија

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу ќе присуствуваат на пуштањето во употреба на целосно реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Универзитетската клиника за урологија при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

На настанот ќе се обратат и д-р Башким Шабани, специјалист хирург – уролог и директор на Клиниката и Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Како што информираат од ЈЗУ Клиника за урологија, настанот е по повод завршувањето на важен инвестициски циклус на Клиниката, во рамки на кој целосно е реновирано болничкото одделение, имплементирани се нови медицински технологии и воведени се нови методи за лекување. Притоа, како што посочуваат, ќе бидат презентирани и идните планови за развој на Центарот за трансплантација и Центарот за калкулоза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk