logo
logo
logo

Дождот можеби ќе помогне да се изгаснат пожарите

Vecer | 22.08.2025

Дождот можеби ќе помогне да се изгаснат пожарите

Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.

Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на село Беловодица и село Лењиште, гори букова шума. Мешана шума гори и во подрачјето на селата Стровија и Долгаец. Ниска вегетација е опожарена во атар на село Дебреште. Ниска вегетација и ниска шума горат во село Душегубица. Мешана шума е опожарена во регионот на селата Горно Количани и Драчевица, планински врв „Китка“. Ниска вегетација гори во село Клуковец. Кај брана – езеро Козјак, пожар зафатил ниска вегетација и шума.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Маврово – Ростуше, Боговиње, Струга, Кичево, Липково, Старо Нагоричане, Долнени, Кратово, Студеничани, Гази Баба, Илинден, Василево, Гевгелија, Струга, два во регионот на Ѓорче Петров, а три во кумановското подрачје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk