logo
logo
logo

„Најголемата казна за Штип е што 8 години стагнираше изградбата на Клиничката болница заради неспособност“

Vecer | 30.07.2025

„Најголемата казна за Штип е што 8 години стагнираше изградбата на Клиничката болница заради неспособност“

Најголемата грешка и најголемата казна што можеше да му се случи на Штип, како здравствен центар, е тоа што осум години стагнираше изградбата на Клиничката болница заради неспособност и заради политичка фрустрација, вели Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип на трибината организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Реформи во здравството – Ги градиме темелите на промените“.

Јорданов, истакна дека само заради тоа што проектот бил започнат во време кога ВМРО-ДПМНЕ било на власт, осум години стагнираше, пропаѓаше, милиони евра, пари на граѓаните се потрошија за да стои и да сведочи за неспособноста од минатото.

Јорданов образложи дека во минатото кога се креираше изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, приоритет беше доизградбата на Клиничката болница.

„И затоа првиот работен ден на претседателот на Владата беше токму во Штип, во Клиничката болница за да се направи исчекор во решавање на долгогодишниот проблем и конечно, обезбедување на финансии за доизградба на болницата. И како резултат на тоа залагање, затоа што во минатото се откажа финансирањето на Клиничката болница, се склучи тој стратешки договор со Обединетото Кралство којшто предвидува доизградба на болницата, изградба на зграда за медицинскиот факултет и изградба на студентски дом“, рече Јорданов.

Посочи дека од аспект на локален економски развој премногу значи овој проект, затоа што ќе се ангажираат десетина градежни компании, стотина директни и илјадници индиректни вработување.

„Обртот на средства во локалната економија ќе се зголеми, ќе се подобри квалитетот во високото образование и квалитетот на Универзитетот Гоце Делчев, кој што е нашиот рудник и нашиот потенцијал“, истакна Јорданов.

Тој додаде дека штипјани треба да бидат горди и среќни што конечно се надмина проблемот со доизградбата на клиничката болница, што конечно се продолжи со инвестирање и зголемување на буџетот на Универзитетот Гоце Делчев, а со тоа и со привлекување студенти кои ја зголемуваат локалната економија во нашиот град.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk