logo
logo
logo

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, ТАА НЕ ДЕМАНТИРА

Vecer | 26.08.2025

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, ТАА НЕ ДЕМАНТИРА

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници. Додека јавно глуми противник на СДС, Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга да барала пари од европските фондови и владата на Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управува Марко Ѓорѓиевски од СДС, сопругата на Апасиев – Тамара Јованов Апасиева – добива европски пари. Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии. Како токму Тамара Јованов Апасиева, покрај илјадници млади, универзитетски кадри и активисти од цела Македонија е изберена да добие поддршка од СДС, вели тој.

Лефков прашува дали ова е класичен пример на политички договори меѓу СДС и Левица?

-Дали во јавноста играат улога на „жестоки противници“, а во позадина функционираат заедно, делат фондови и позиции? Дали оваа соработка СДС – Левица ќе ја гледаме и на овие избори, и купен ли е Апасиев со парите од Еразмус + да одработува за СДС?, рече Лефков.

Сопругата на Димитар Апасиев, Тамара Јованов се огласи на Фејсбук. Во статусот по прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, таа не демантира дека добила средства од програмата Еразмус+.

„Извинете што не сум партиски вработен професор, скриен у кабинет заради неспособност и наместо тоа си ја работам работата. Дали ова значи дека ако се поднесе квалитетна апликација од која сум дел, дпмне нема да даде средства оти сум сопруга на Апасиев? Дали тоа значи дека агенцијата си ја сметаат за своја дедовина, а не за институција која треба да служи на сите граѓани еднакво!? Се замолува Лефков да одговори“ пишува Тамара Јованов на ФБ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk