Еден од носечките столбови на новата влада се иневстиции во инфраструктурата, помеѓу останатото и железничката, како во товарсниот така и во патничкиот сообраќај.
Освен набавка на нови локомотиви и вагони, голема и функционална инвестиција е и обновата на железничката станица во Скопје која треба да се врати во функција која ја имаше до пред петнаесетина- дваесет години од кога тој маркантен објект со големо значење за градот и државата се руинира и стана нефункционален.

Почна чистењето и средувањето на железничката станица во Скопје, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски.
„Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни панели кои години наназад го нарушуваа изгледот на објектот“, напиша Ивановски на својата Фејсбук страница. Тој им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.
Проектот ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата и поставување соодветна илуминација, посочи директорот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата