logo
logo
logo

Лами и Муцунски ја потпишаа Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство

Vecer | 18.07.2025

Лами и Муцунски ја потпишаа Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство

Ја зајакнуваме соработката со Северна Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата Х секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Лами по повод потпишувањето на Декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји.

„Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Северна Македонија за зголемување на инвестициските можности, справување со нерегуларната миграција и зајакнување на заедничката безбедност. Драго ми е што се видов со Тимчо Муцунски, со нетрпение очекувам повторно да го угостам на Берлинскиот процес“, напиша Лами.

Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска вчера во Форин офисот во Лондон ја потпишаа шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами.

Муцунски на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се зајакнуваат билатералните односи со Обединетото Кралство.

– Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја потпишавме Декларацијата за стратешко партнерство. Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО. Разговаравме и за неодамнешниот договор „влада со влада“, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти. Разговаравме и за нашето сојузништво во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации – напиша Муцунски во објавата на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk