Лицето А.Н. кој бил возач на поранешниот претседател на СДС, Зоран Заев, е уапсен заради подметнување пожар во струмичко. Против него е поведена истражна постапка за тешко загрозување на општата сигурност со пожар во Струмица и побаран е притвор.
Ова е доказ дека пожарите во Македонија се смислено сценарио на СДС и луѓе блиски со нив, со цел создавање нестабилност и хаос во државата, а потоа да се обвинат институциите дека не можат да се справат, коментира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Каква е вмешаноста лично на претседателот на СДС, Венко Филипче имајќи ја во предвид неговата блискост со Заев?, прашува владејчката партија?
Во борбата против пожарите во Македонија, ангажирани се сите расположливи сили, пожарникари, припадници на Армијата, хеликоптери, теренски возила, доброволци и сите вложуваат натчовечки напори. Од друга страна членови на СДСМ и ДУИ се обидуваат да предизвикаат тензии меѓу граѓаните.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата