logo
logo
logo

ВРЕДИ ЌЕ НАСТАПИ СО СВОИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА ЧАИР

Vecer | 24.07.2025

ВРЕДИ ЌЕ НАСТАПИ СО СВОИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА ЧАИР

Кандидатите за локалните избори ќе бидат објавени идната недела, Скопје, Чаир и Струга веќе со позната насока.

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити денеска обелодени дека Вреди ќе настапи со свои кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Чаир, а во Струга ќе даде поддршка за независниот кандидат Менди Ќира. За останатите општини, како што истакна, анализите се при крај и очекува наредната недела да бидат објавени имињата на сите кандидати.

На новинарско прашање дали и тој лично ќе се кандидира за градоначалник на Чаир, Меџити кратко одговори дека тогаш „ќе бидат официјализирани сите кандидатури“, не негирајќи, но и не потврдувајќи директно дали ќе влезе во трката.

Во врска со можноста за коалиции на локално ниво со ВМРО-ДПМНЕ, министерот вели дека тоа не е ништо ново на политичката сцена.

– Ништо ново. Како што од деведесеттите до сега во плурализмот, владините партнери секогаш се помагале и ќе продолжат да се помагаат. Истото го очекувам и од опозициските партнери – ДУИ, Левица, СДСМ. Секој со секого на локално ниво, тоа е реалноста – изјави Меџити по потпишувањето на договори за општински проекти финансирани од Министерството.

Договорите опфаќаат изградба на канализација, водоводна мрежа и други еколошки програми, со поддршка од инвестициските програми на Министерството за животна средина и просторно планирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk