logo
logo
logo

Мицкоски: Консолидирањето заврши, годинава ЌЕ ГИ ДОСТИГНЕМЕ ПРЕДВИДЕНИТЕ 3,5 - 4% РАСТ

Vecer | 31.07.2025

Мицкоски: Консолидирањето заврши, годинава ЌЕ ГИ ДОСТИГНЕМЕ ПРЕДВИДЕНИТЕ 3,5 - 4% РАСТ

Премиерот Христиjан Мицкоски е убеден дека земјава до крајот на годината ќе го достигне предвидениот раст меѓу 3,5 - 4 проценти. Како што рече денеска, одговорајќи на пратенички прашања, рекордни се резултатите на Царинската управа со реализирани над 12 милијарди денари, како и на УЈП, со преку 15 отсто наплата на ДДВ во јули. Македонија, дециден е премиерот, од фаза на консолидација, влегува во фаза на раст.

Според Мицкоски, растат сите параметри од аспект на макроекономската слика, и индустриското производство и преработувачката индустрија и туризмот,. и нето и бруто платата растат со стапка од 11 отсто и покрај обидот на некој од опозицијата да каже дека тоа не е точно.

- Моментната економска состојба е стабилна со тенденција на раст, тоа беше потврдено и од „Стандард и Пурс“. Сценаријата што ги слушавме во јавноста дека слабо и лошо ни оди, никако да се реализираат. Имајќи предвид каква состојба наследивме - хаос, катаклизма и криминал, успеваме за краток период да се консолидираме. Опозцијата континуирано изнесува лаги и невистини, но бројките кажуваат се и тие се безмилосни, нагласи Мицкоски.

Тој рече дека најверојатно Царината ќе надмине наплата од 12 милијарди денари и заклучно со денеска ќе достигне 12,5 милијарди денари, но, сепак, повика да се причекаат официјалните резултати.

- Се уште ова е неофицијално зашто денеска е последниот ден од јули. Царината прв пат пробива 12 милијарди денари наплата, очекувам денеска да достигне 12,5 милијарди денари. Добра вест имаме и од УЈП која ја натфрли за 15 отсто наплатата во јули и сега бркаме наплатениот ДДВ да достигне над тие 15 проценти споредено со јули минатата година. Ова говори дека периодот на стабилизирање е завршен и дека почнува периодот на раст. Денеска имаме уште една потврда - индустриското производство продолжува да расне и во јуни има мал 0,5 отсто раст споредено со јуни лани, но тоа е веќе трет месец по ред. Се зголемува и преработувачката индустрија, како и туризмот, потенцира премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk