logo
logo
logo

Македонија се претстави на ЕКСПО 2025 во Јапонија и со ПРОЕКТОТ НА КЕНЗО ТАНГЕ ОД КОЈ СКОПЈЕ СЕ ОТКАЖА

Vecer | 01.05.2025

Македонија се претстави на ЕКСПО 2025 во Јапонија и со ПРОЕКТОТ НА КЕНЗО ТАНГЕ ОД КОЈ СКОПЈЕ СЕ ОТКАЖА

Со настап на Ансамблот „Танец“ и изложба посветена на Кензо Танге, Македонија се претстави на ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија, соопшти Министерството за култура.

ЕКСПО е место каде што светот се среќава – преку иновации, култура и визија за иднината. Нашето присуство тука е увертира за сето она што ќе го претставиме во наредниот период. Македонија денеска настапува со срце отворено кон светот – горда на своето наследство и насочена кон иднината“, рече министерот за култура и туризам Љутков.

Од Министерството велат дека големо внимание кај македонскиот павилјон привлекла изложбата посветена на јапонскиот архитект Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по земјотрес во 1963. На изложбата дошол и неговиот син Пол Танге.

Пректот за модерна урабанизација и изградба на Скопје според планот на Кензо Танге започна, но никогаш не се оствари барем во половина од поставениот обем.

Синот на Кензо, Пол Танге на изложбата.

(Фото: Министерство за култура)

„Со оглед на тоа што оваа, 2025 година одбележуваме 60 години од изработката на проектот на Кензо Танге за ново Скопје, изложбената поставка прикажува избор на авторски цртежи, проектна документација, историски фотографии, како и тродимензионален архитектонски модел, кој на апстрактен начин ја доловува неговата замисла“, рече Љутков.

Во владината делегација се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.

Како дел од културната програма, предвидено е да настапат оперските пејачи Ана и Игор Дурловски, Кирил Џајковски и Владимир Четкар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk