logo
logo
logo

Возел 1 км/ч над дозволеното - КАМЕРИТЕ ГО ФАТИЈА МИНИСТЕРОТ ЗА ПОЛИЦИЈА ВО ПРЕКРШОК

Vecer | 06.12.2025

Возел 1 км/ч над дозволеното - КАМЕРИТЕ ГО ФАТИЈА МИНИСТЕРОТ ЗА ПОЛИЦИЈА ВО ПРЕКРШОК

Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани.

Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност.

Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување, пишува Тошковски во својата објава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk