logo
logo
logo

1336 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ ВИКЕНДОВ: 212 возачи без возачка дозвола, 121 возачи под дејство на алкохол, 100 лица без сигурносен појас и други прекршоци

Vecer | 07.07.2025

1336 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ ВИКЕНДОВ: 212 возачи без возачка дозвола, 121 возачи под дејство на алкохол, 100 лица без сигурносен појас и други прекршоци

Во деновите од изминатиот викенд (05./06.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1336 издадени платни налози дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 121 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 106 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.

Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 168 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 173 за неправилно паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 100 лица кои некористеле сигурносен појас.

Изречени се 39 санкции за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за минување на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет.

Исто така согласно Законот за возила, 42 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а само едно возило заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk