logo
logo
logo

СПОМЕН СОБАТА НА ПЕТРЕ М. АНДЕЕВСКИ ДАДНА НА НЕВАЛАДИНА, а споменот на Птере ни ваму-ни таму

Vecer | 18.08.2025

СПОМЕН СОБАТА НА ПЕТРЕ М. АНДЕЕВСКИ ДАДНА НА НЕВАЛАДИНА, а споменот на Птере ни ваму-ни таму

Во Спомен-собата на македонскиот книжевен великан Петре М. Андреевски во неговото родно село Слоештица, Демирхисарско, денеска ставовите за состојбата на поставката ги споделија синот на писателот, уметникот Сергеј Андреевски и министерот за култура Зоран Љутков. Спомен-собата е дел од реновираниот Дом на културата во Слоештица, кој заедно со неа од почетокот на август се доделени под концесија на невладината организација „Моето родно место”.

Само што пристигна министерот, Андреевски влезе во собата и реагираше дека долго време била заклучена и неисчистена пишува порталот сдк.мк

Реагираме дека просторијата е вечно затворена, а е направена да биде посетена. Најмногу реагираме бидејќи истите луѓе кои досега ја имаа невладината организација и отсега се истите кои ќе владеат со Домот. Можете да видите дека свежо е чистено и сега изгледа поубаво. И да е исчистено, просторијата треба да има лице кое ќе разговара, ќе прима луѓе, ќе знае за делото на татко ми. Тие не ни знаеја дека во ковчезите се заклучени оригинални книги потпишани од татко ми своерачно”, рече Сергеј Андреевски.

Фото насловна и текст: сдк.мк
Фото насловна и текст: сдк.мк

Министерот Љутков изјави дека посетата е испровоцирана по објавите на социјалните мрежи и во медиумите дека поставката се чува во несоодветни услови, има премногу влага и предметите се во критична состојба, за што потенцираше дека е апсолутна невистина.

„Нема ни влага, ни мувла, овие услови се нормални. Тоа дека ракописите се распаѓаат е апсолутна невистина, бидејќи разбравме дека се наоѓаат во МАНУ. Ние добивме допис на 30 јули, кога бев заминат на пат, во кој семејството се жали на некоја постапка. Го добив кога се вратив од Охридско лето, а објавата на Фејсбук веќе излезе. Ќе беше убаво фамилијата со која се познаваме да ми се обратеше лично мене. Така и се решаваат работите, а не се решаваат само кога треба да ви се помогне”, рече Љутков апелирајќи да не се прават сензационални вести од ликот и делото на великанот.

Министерот додаде дека постојат две решенија, собата да остане на невладината организација или да оди под Домот за култура – Демир Хисар, каде ќе се вклучи и Министерството за култура со поддршка за да се институционализира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk