logo
logo
logo

АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧИ: Васев и Нухи одат во ефективен тридесетдневен притвор

Vecer | 20.06.2025

АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧИ: Васев и Нухи одат во ефективен тридесетдневен притвор

Апелациониот суд во Скопје ја донесе одлуката да им определи ефективен тридесетдневен притвор на поранешните раководители на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи. Судот ја уважи жалбата на обвинителството и ја замени мерката куќен притвор со ефективен притвор.

Адвокатите на обвинетите истакнаа дека нивните клиенти се подготвени да соработуваат со институциите и немаат намера да се дадат во бегство, но судот ја прифати аргументацијата на обвинителството дека притворот е неопходен за обезбедување непречено водење на судската постапка.

Обвинителката Фатиме Фетаи посочи дека притворот е потребен за да се гарантира присуството на обвинетите и успешното спроведување на кривичната постапка.

Васев во своето обраќање побара чесно судење и можност да се брани од слобода, додека Нухи истакна дека нема намера да бега бидејќи се грижи за својот семеен и професионален углед.

Против поранешните директори се поднесени две обвиненија: првото за незаконско економско работење со предизвикана штета од 36 милиони евра на буџетот, а второто за несоодветен медицински третман на пациенти, што резултирало со значително нарушување на здравјето кај 29 лица и примена на биолошка терапија без ефект кај две пациенти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk