logo
logo
logo

ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ЗАТРУЛО СО ДЕТЕРГЕНТ во Куманово

Vecer | 14.08.2025

ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ЗАТРУЛО СО ДЕТЕРГЕНТ во Куманово

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, а случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница.

– Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово – соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

– Детето е примено вчера на педијатрија. По извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на Клиника во Скопје. Во моментот е во стабилна состојба. Детето е затруено со консумирање на непозната течност, најверојатно детергент. По извршената детоксикација на Клиниката ќе биде пуштено дома – изјави директорот на Општата болница во Куманово, Сашо Стошевски.

Во јули, годинава имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе од липковското село Отља, а неколку дена подоцна и десетмесечно бебе од Куманово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk