logo
logo
logo

Катица Јанева излезе од „Идризово“, ЗАМИНА ДОМА, ДОБИ УСЛОВЕН ОТПУСТ

Vecer | 13.12.2025

Катица Јанева излезе од „Идризово“, ЗАМИНА ДОМА, ДОБИ УСЛОВЕН ОТПУСТ

Екс специјалната обвинителка – Катица Јанева, која е осудена на 7 години затвор, од кои веќе 4 години е во КПУ „Идризово“, на почетокот на неделата си замина дома, го напушти затворот.

„Осуденичката Јанева доби условен отпуст и таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека 7-годишната казна целосно не ѝ истече“, изјавил директорот на затворот „Идризово“ – Зоран Јовановски.

Во јули 2021 година Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди 7-годишната затворска казна на Јанева, во која се пресметува и времето поминато во притвор од над 1 година.

Јанева и лани беше пуштана дење да работи во адвокатската канцеларија на син ѝ во центарот на Скопје, а попладне да се враќа во „Идризово“.

Но по доаѓањето на новото раководство во Управата за извршување на санкциите, била извршена контрола врз нејзиното работење во која било утврдено дека таа не е на работа кај син ѝ, па ја изгуби таа привилегија.

Јанева беше осудена за земање мито.

По апсењето на Јанева, СЈО се затвори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk