logo
logo
logo

Нов пробугарски шок од СДСМ! РУБИН ЗЕМОН, ЧЛЕН НА ИК, ГО ПОНИШТИ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Vecer | 30.04.2026

Нов пробугарски шок од СДСМ! РУБИН ЗЕМОН, ЧЛЕН НА ИК, ГО ПОНИШТИ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

СДС и Венко Филипче веќе не се ни трудат да кријат, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еден од “новите’’ лица и новата енергија на Филипче, Рубин Земон.

Рубин Земон е поранешен пратеник од редовите на СДС, а денес член на Извршниот одбор на СДС, највисокиот орган во партијата. Или, деновиве познат во јавноста, како член на ИО на СДС кој изјави дека Гоце Делчев е небитна тема кога се зборува за историјата на државата.

Член на Извршен одбор на СДС, Рубин Земон, лично поставен од Филипче јавно изјави дека расправата за македонскиот идентитет е непотребна, дека бугарскиот идентитет во Македонија треба да се либерализира, а за Гоце Делчев, без срам вели дека е мит, дека не напишал ништо, дека не извојувал ниедна битка. Пред цела македонска јавност секој ден испорачуваат нови докази дека не им е гајле за Македонија, ни за македонскиот идентитет, ни за македонскиот народ.

И воопшто не се срамат од тоа. Член на Извршен одбор на СДС отворено ја релативизираше улогата на Гоце Делчев и се обиде да ја сведи на небитна тема. Од СДС нема реакција. И не може да има реакција, кога лидерот на СДС изјавува дека е подготвен да ги спроведе уставните измени, без никаква гаранција дека тоа ќе биде последното барање на Бугарија на европскиот пат на Македонија.

Ова за Филипче е безусловна подготвеност, како да станува збор за некоја административна формалност, а не за идентитетот и иднината на Македонија и на македонскиот народ. Значи, Рубин Земон би го избришал Гоце Делчев од историјата, а Венко Филипче ќе спроведе уставни измени, без услови, без гаранции и без никакви црвени линии, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како може Филипче да зборува за национални интереси, а од друга страна да им дава легитимитет и високи партиски позиции на луѓе кои го негираат постоењето на македонскиот народ?- прашуваат од владејачката партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk