Македонија не е изолирана од светот, иако досега последиците од светската енргетска криза кај нас многу малку се чувствуваат. Ако во Европа веќе се воведуваат рестрикции, се лимитира купување гориво на бензинските пумпи, се планира пар-непар возење и намалување на брзината, цената на струјата и греењето се држи под контрола... Доколку кризата потрае наредните месеци и ние ќе се соочиме со европките предизвици.
Кризата што следи нема да биде краткорочна - ќе го промени начинот на кој живееме, предупредува економистот финансискиот експет Зоран Јовановски.
Покрај зголемувањето на цените, можно е и ограничување на достапноста на гориво, што отвора простор за мерки како што се возење пар-непар и пренасочување на ресурсите кон производство на храна.
Ова го истакна Јовановски во вчерашното гостување на Тема на денот, во вестите на Сител. Тој нагласува дека сите треба да разбереме дека последиците од кризата ќе бидат долгорочни.
Покрај фактот дека цените на нафтата ќе растат, можно е самата достапност на нафта да биде проблем. Тој вели дека горивото што го имаме во моментов треба да се зачува колку што е можно повеќе.
- Можеби треба да размислиме за возење пар-непар, да се зголеми работата од дома итн., така што на оној што му е потребно, горивото треба да се пренасочи кон земјоделството за производство на храна - вели Јовановски.
Според Јовановски, најважно во моментов е да не смееме да ја загрозиме иднината на младата генерација, само да ја одржиме удобноста на сите останати.
- Мора да разбереме дека секој од нас во овој процес треба да преземе дел од товарот. Животот едноставно нема да биде тежок сè додека има криза, и ние мора да го прифатиме тоа - вели Јовановски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата