Едно од најголемите еколошки црни точки во Скопје, депонијата Вардариште, влегува во фаза на финална трансформација. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потврди дека процесот на одгасување е во тек, што е неопходен предуслов за понатамошно уредување на просторот.
Проектот за Вардариште не е само техничко затворање на депонија, туку стратешки зафат за создавање нов парк кој треба да функционира како природен филтер на воздухот во градот. Видеото објавено од страна на градоначалникот го документира почетокот на крајот за оваа депонија, ветувајќи модерно и одржливо решение на местото на долгогодишниот отпад.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата