logo
logo
logo

Новиот обвинител МОРА ДА БИДЕ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ И ДА СЕ БОРИ ЗА ПРАВДА, НЕКА СЕ ПРИЈАВАТ СИТЕ КОИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИ

Vecer | 15.12.2025

Новиот обвинител МОРА ДА БИДЕ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ И ДА СЕ БОРИ ЗА ПРАВДА, НЕКА СЕ ПРИЈАВАТ СИТЕ КОИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИ

Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, иако е логично да е политичка одлука, посочи претседателот на владата Христијан Мицкоски.

- Ние ја водиме владата и дадовме шанса година и половина, како ниедна влада во минатото, на наследен Јавен обвинител му оставивме година и половина да се размавне со неговиот тим. Ги видовме резултатите какви се, и логично е, не сме задоволни и влегуваме во процес да бараме Јавен обвинител од којшто очекуваме многу повеќе, посочи премиерот Мицкоски, охрабрувајќи ги сите коишто се чувствуваат компетентни да се пријават за нов Јавен обвинител.

- Согласно закон, потенцијалниот Јавен обвинител доаѓа од јавнообвинителската служба со минимум 10 години работно искуство или кривичен судија. Не може сега истакнати правници, таков е законот. Сега од овој базен треба да очекуваме да се пријават кандидати. Логично е од обвинителството да се пријавуваат кандидати коишто се минимум во вишите обвинителства во апелационите подрачја и претпоставувам оние јавни обвинители од државното јавно обвинителство, како и кривични судии коишто се кривичари коишто очекуваме да поднесат свои апликации. Дали имаме фаворит, ако ме прашувате, немаме, еве ги охрабрувам сите оние коишто се чувствуваат компетентни, коишто сакаат правда, право во државата да се пријават, нагласи премиерот Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk