logo
logo
logo

Африм Гаши отпуштен од болница, продолжува со работните обврски

Vecer | 25.07.2025

Африм Гаши отпуштен од болница, продолжува со работните обврски

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес е отпуштен од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, по дводневен престој и извршени медицински прегледи.

Од неговиот Кабинет информираат дека здравствената состојба на Гаши е добра и стабилна и дека ќе продолжи со институционалните активности согласно препораките од лекарите.

Во соопштението се изразува благодарност до директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, како и до медицинскиот персонал за грижата и професионалноста, како и до јавноста за поддршката и интересот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk