logo
logo
logo

Лекарите од Кавадарци апелираат: ВНИМАВАЈТЕ СО ПРЕОСТАНАТИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА

Vecer | 21.04.2026

Лекарите од Кавадарци апелираат: ВНИМАВАЈТЕ СО ПРЕОСТАНАТИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА

Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца.

Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро.

Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.

Ратко Грков, доктор во Итна медицинска помош број еден, рече за МИА дека и во негова смена, имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца.

Паракеов и Грков апелираа до населението за внимателност при консумирање преостанати велигденски јајца од празникот, со цел да се избегнат несакани последици од консумирање постара храна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk