logo
logo
logo

СООБРАЌАЕН ГНЕВ ДО ЛУДИЛО - Удрил моторџија, па го влечел по улица и избегал

Vecer | 24.06.2026

СООБРАЌАЕН ГНЕВ ДО ЛУДИЛО - Удрил моторџија, па го влечел по улица и избегал

Вистинска драма се одвивала вчера попладне во скопската населба Црниче, каде по претходно недоразбирање во сообраќајот дошло до инцидент во кој бил повреден 29-годишен мотоциклист.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во 18:20 часот. На улицата „Рилски Конгрес“, возач на „пежо“ со скопски регистарски таблички најпрво удрил во мотоцикл управуван од Г.Н. (29), при што мотоциклистот паднал на коловозот.

Но инцидентот не завршил тука. Откако се исправил, возачот на автомобилот, според пријавата, повторно го придвижил возилото и неколкупати удрил во мотоциклот, а оштетил и паркиран „цитроен“ сопственост на 44-годишен скопјанец.

Во обид да го запре, мотоциклистот се фатил за предната врата од „пежото“, но возачот продолжил да вози и го влечел неколку метри, по што Г.Н. паднал на улицата. Возачот потоа избегал од местото на настанот.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk