По изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, од чии финални формулации беа отстранети споменувањата на македонскиот јазик и идентитет, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, нарекувајќи го овој момент „нов Крушевски манифест“ за Македонија.
„Македонската историја е втемелена врз предавства и неправди. Тоа не е ексклузивитет на современата Македонија, туку болка која ја носиме низ вековите. Неправдата е составен дел од нашето секојдневие, но нека го чуе секој: денешниот ден не е ништо ново за нас“, порача Мицкоски.
Тој оцени дека со гласањето во Европарламентот вистината излегла на површина и дека ЕУ јасно покажала што очекува од Македонија – услови кои не важат за ниту една друга држава-кандидат.
„Тоа се политичари од врвен калибар, кои совршено знаат што е суштината на овие барања. Сега сè им е сервирано на тацна. Не сакам никој повеќе да ми зборува дека бугарското малцинство е проблем – уште утре можеме да го внесеме во Уставот. Но суштината е поинаква. Проблемот не е во тоа, туку во триесетгодишната стратегија која ја водат низ европските ходници против македонската нација“, рече тој.
Премиерот додаде дека државата, од независноста до денес, направила бројни отстапки и помирувања, но дека вистинскиот проблем е што нејзините лидери со децении не воделе сметка за националниот интерес.
„Оваа борба е и ќе биде тешка. Но ќе успееме. Малубројна земја сме со големо срце. Ги почитуваме соседите, дури и кога ќе ги фатиме живи како работат против нас. Но без взаемна почит, нема да постигнат ништо. Кога ќе почнат да не почитуваат – ќе ни бидат најголем пријател“, истакна тој.
Најави дека нема да дозволи ново предавство ниту отстапување од македонските национални интереси, нагласувајќи дека неговата функција е минлива, но целта останува.
„Јас сум само моментален функционер, но работам ден и ноќ за да ја реализирам целта – достоинствено членство во ЕУ. Тоа не е само цел, туку потреба за нашата држава“, рече Мицкоски.
Во својата изјава тој посочи и дека моменталната блокада од Унгарија не е единствената причина за застојот во евроинтеграциите, туку дека проблемите датираат уште од 90-тите години, кога Македонија беше признаена како држава, но не и како нација.
„Нашиот источен сосед има поинаква агенда. Работеа против нас повеќе од три децении. Водени се од мислата да ја уништат македонската нација и идентитет“, изјави премиерот Мицкоски.
„Секогаш сум бил директен и искрен. Така ја почнав мојата кариера и така ќе продолжам. Ги кажувам работите со вистински зборови, а не како политичарите во минатото да заобиколувам“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната вонредна прес конференција по повод Извашетајот на ЕП, каде се бришат термините македонски јазик и македонски идентитет.
„Од мене секогаш ќе добивате само искреност и искрени намери. Во политиката влегов токму поради тоа. Затоа што сум дел од онаа излажана генерација на срушени соништа за сопствената држава кога мечтаевме да бидеме далеку напред како дел од Европа и тие вредности, а добивавме корупција, злоупотреби, предавства и неправди“ – истакна Мицкоски.
Мицкоски рече дека македонската историја е втемелена на неправди.
„Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија, но за да ја разбереме таа блокада мора најпрво да сфатиме дека таа блокада не започна денес, ниту ќе заврши денес. Таа блокада е почната уште во 1990 година кога бугарската држава во моменти на ембарга, безпарица, војни во поранешна Југославија, како и проблематизирање на нашата држава од страна на Грција се случи еден гест од Бугарија, а тоа е признавање на посебноста на нашата држава. Ова е нашиот Крушевски манифест, мораме да се мобилизираме со сите наши пријатели и сојузници. Ова е борба за фундаметнални правда и вредности. Но, оваа борба ниту почнува, ниту завршува денес, сите овие перипетии колку и да се трагични за Македонија имаат успешна димензија“, потенцира Мицкоски по повод гласањето на извештајот во ЕП.“ – потенцираше Мицкоски.
"Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, на површина“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција.
Како што порача Мицкоски од партискиот штаб, ние сме на вистинската страна од историјата, „а Бугарија видовме и дека знае да ја утне вистинската страна“.
Според премиерот, македонската историја е втемелан на неправди.
„Неправдите не се само идентитестки, преку оспорување и предавство, туку се и социо-економски, се раселувале, бегале од тука. Денес само методите се поинакви, но суштината е идентична. Никогаш нема да се соочиоме со неправдите ако не ги именуваме идентификуваме и победиме“, рече Мицкоски.
Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.
Пред гласањето по документот, беа усвоени амандманите предложени од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се избришани делови од текстот во Извештајот каде се споменуваа „македонскиот јазик и идентитет“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата