logo
logo
logo

НА ТЕРЕН Е ВОЕНА ПОЛИЦИЈА: Убиениот припадник на АРМ, денеска користел слободен ден

Vecer | 11.07.2025

НА ТЕРЕН Е ВОЕНА ПОЛИЦИЈА: Убиениот припадник на АРМ, денеска користел слободен ден

Агим Мухареми, припадник на Армијата на Република Македонија, кој денеска беше убиен во Батинци, не бил на работно место во моментот на инцидентот, бидејќи користел слободен ден.

Од Министерството за одбрана изразија сочувство до неговото семејство.

– Ја информираме јавноста дека лицето со иницијали А.М. од село Батинци, кое поради повредите што ги претрпе во трагичниот настан почина, е припадник на Армијата. Во моментот на настанот не било на должност, односно имало слободен ден – стои во официјалното соопштение од АРМ.

На местото каде се случи настанот излезе јавен обвинител и припадници на Воената полиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk