logo
logo
logo

ВРЕДИ порачува: На локалните избори, граѓаните ќе го направат вистинскиот ветинг

Vecer | 30.07.2025

ВРЕДИ порачува: На локалните избори, граѓаните ќе го направат вистинскиот ветинг

Секогаш кога се фатени во тесно, кога јавноста дознава за нивните криминали, корупциски зделки и сомнителни врски, ДУИ ја мафта празната парола „ветинг“, не како алатка за правда, туку како политички чадор за амнестија. Доколку навистина сакаа ветинг зошто не го спроведоа за 20 години додека беа на власт? Што им сметаше и пречеше? Или ваквите големи идеи ги чува за во опозиција, а кога е власт се занимава со тендери, фотоволтаични централи, трговски центри, печатници и пари“ соопштија денеска од ВРЕДИ.

Од партијат велат „ДУИ нема одговор зошто и денес, кога имаат можност, не започнуваат ветинг внатре во својата партија и коалиција“.

„Ветинг за Али Ахмети и имотот на неговата фамилија, за фирмите на деца, внуци, зетовци и сватови, за скапите и луксузни коли, централи, трговски центри!? Зошто не кажат низ процес на ветинг колкаво е тоа богатство на луѓето околу Ахмети!?

Ветинг за Артан Груби, казино бизнисот низ Македонија, лиценците за казина на подземјето од Србија и Црна Гора, купувањето на слот апарати од државен буџет, неговото бегство и конечно неговото место на со американската црна листа!?

Ветинг за Бујар Османи и аферите од кој не може да избега: неговата улога и средби со српскиот свет, случајот „Пациент“ на СЈО и неговото повлекување, набавките, екстремно високите трошоци за ОБСЕ самитот, неговата поддршка за Отворен Балкан и средбата со Лавров!?“ велат од ВРЕДИ.

Од Коалицијата порачаа дека ќе има „Ветинг за Арбен Таравари и неговите лиценци за канабис во Гостивар, тендерите за братучедите, „Ѓока Констракшн“ и евтината куќа во Тафталиџе!?

Ветинг за Блерим Беџети и неговите згради низ Сарај, финансиските трансфери од скопските јавни претпријатија кон негови луѓе и искрената и длабока соработката со Сашо Мијалков и Никола Груевски!?“

„ДУИ нека не се грижи. Ветингот доаѓа. И тоа најсилниот, народниот. На локалните избори, граѓаните ќе го направат вистинскиот ветинг: ќе ги испратат во политичка пензија сите кои ја злоупотребуваа власта за лично богатење“ е ставот на ВРЕДИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk