logo
logo
logo

ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ПЛАТИ НОВИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР уште на старт, за да влезе во Македонија

Vecer | 23.08.2025

ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ПЛАТИ НОВИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР уште на старт, за да влезе во Македонија

Само „Оне Македонија“, фирма на унгарската 4иГ достави понуда на тендерот на АЕК за доделување одобренија за нов мрежен оператор, иако интерес за учество покажаа уште и Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и е& ппф Телеком Груп Б.В.

Ако влезе на македонскиот пазар, „Оне Македонија“ ќе треба да и плати на државата најмалку 8 милиони евра за да го добие правото да биде трет голем телекомуникациски оператор.

Минималниот еднократен надоместок за користење на фреквенциите 700 MHz, 1800 MHz и 3.х GHz изнесува 4,2 милиони, 1,6 милиони и 2,32 милиони евра посебно.

На јавното наддавање, АЕК констатираше дека фирмата ги има доставено сите потребни документи, а одлуката би била донесена по завршување на изборниот процес, односно откако ќе заврши вториот изборен круг и ќе бидат исцрпени сите рокови за жалби, или евентуални прегласувања во некои општини.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по седницата на Агенцијата за електронски комуникации посочи дека очекува третиот оператор да почне со работа веќе следната година.

„Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор во државава, еве влегува, зависи само од постојните два оператори. За жал во овие година и нешто ништо не направија ниту да ги подобрат услугите ниту да ги намалат цените. Согласно тендерските правила веќе на крајот на следната година треба да работи новиот оператор, што значи дека му се дава една година да се опреми, со базни станици, итн, и веќе во следната година ќе можеме да имаме мобилни телефони и со трет оператор во државата - изјави Николоски.

Заклучно со првиот квартал од годинава во Македонија се регистрирани 1.941.996 активни претплатници во мобилната телефонија, од кои најголем удел имаат двата мрежни оператори, А1 Македонија, 47,69 проценти и Македонски Телеком со 46,66 проценти.

Удел од 3,38 проценти има М-ТЕЛ, виртуелниот мобилен оператор што влезе на пазарот во октомври 2022 година, 1,34 проценти на Телекабел, 0,38 проценти Мтелмобајл, 0,10 проценти Греен мобиле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk