logo
logo
logo

Николоски на терен за придобивките од експресниот пат Градско -Дреново- Фариш

Vecer | 27.07.2025

Николоски на терен за придобивките од експресниот пат Градско -Дреново- Фариш

Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку видеопорака ја истакнува важноста и значењето од изградба на експресниот пат Градско -Дреново -Фариш.

Напорно се работеше и резултатите се видливи, вели вицепремиерот Николоски. Во продолжение интегралното обраќање:

“Експресниот пат на делниците Градско- Дреново и Дреново- Фариш активно се користи. Десетици илјади возила поминаа по истиот. Пелагонија, Прилеп, Битола, Кривогаштани и Могила, Новаци и Крушево се веќе многу поблизу до Скопје и до сите населени места, многу побрзо се патува до Грција и на север до Србија.Се развива бизнисот, цвета туризмот и луѓето можат полесно да патуваат. Пуштањето на овој патен правец е доказ дека ја градиме Македонија. Напорно работевме, првиот дел на потегот од Градско до Дреново го пуштивме во месец јануари, а вториот дел од Дреново до Фариш го пуштивме во месец јуни.

На тој начин ја комплетиравме делницата Градско -Дреново-Фариш дел од Градско Прилеп, што многу ќе значи за целиот регион. Активно работиме и на автопатот Прилеп -Битола што за многу брзо време ќе значи од Скопје за Прилеп да се патува за час и десет минути, од Скопје до Битола за час и половина. Нека е за убаво и летово да има безбеден сообраќај” -истакна вицепремиерот Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk