logo
logo
logo

ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ЌЕ КУПУВА СПЕЦИЈАЛНА ОПРЕМА ЗА ГАСЕЊЕ НА ШУМСКИ ПОЖАРИ

Vecer | 08.08.2025

ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ЌЕ КУПУВА СПЕЦИЈАЛНА ОПРЕМА ЗА ГАСЕЊЕ НА ШУМСКИ ПОЖАРИ

Јавното петпријатие „Национални шуми” ќе купува механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари (780.488 евра).

Инвестицијата целосно ќе биде реализирана со поддршка на Министерството за земјоделство за што денеска беше потпишан договор меѓу министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и директорот на ЈП „Национални шуми”, Здравко Трајанов.

– Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди но не повеќе од 48.000.000 денари со вклучен ДДВ, соопштија од Министерството за земјоделство.

Планирано е да се купи специјална опрема за гасење на шумски пожари – пумпи; булдожери; дизел – компресор комплет за потребите при изградба на патишта и трактор со витло.

– Оваа директна инвестиција има за цел модернизација на ЈП „Национални шуми” во делот на заштитата на шумите и ефикасното справување со природните непогоди – велат од Министерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk