Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со максимални температури помеѓу 23 и 30 степени. Од УХМР најавуваат слаб до умерен северен ветер кој повремено ќе засилува, а во попладневните часови, особено на југот, можна е локална појава на пороен дожд, грмежи и изолиран град. Во Скопје се очекува слично време со највисока температура до 29 степени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата