logo
logo
logo

30 ДЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ, прогласи Владата

Vecer | 08.07.2025

30 ДЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ, прогласи Владата

Владата донела одлука за прогласување кризна состојба од 30 дена заради зголемена појава на пожари, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката Марија Митева.

Одлуката била донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за кооринација и управување со системот со кризи поради сложеноста на теренот и високите температури.

-Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институциа: Армијата, полицијата, противпожарната заштита, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресусрси, човечки, технички, логистички, се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече Митева, додавајќи дека Ввадата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја, со цел спречување на поголеми последици.

Митева ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk