logo
logo
logo

Владата избира нов државен обвинител, предлогот оди во Собрание

Vecer | 10.03.2026

Владата избира нов државен обвинител, предлогот оди во Собрание

Владата денеска на седница ќе одлучи за предлогот за нов државен јавен обвинител и предлогот ќе го достави до Собранието, најави премиерот Христјан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Чучер Сандево, каде се гради пречистителна станица.

– Денеска на владина седница ќе се дознае името на идниот јавен обвинител или обвинителка и ќе биде доставено до Парламентот – изјави Мицкоски.

Владата ќе одлучува од избор од тројца кандидати – Анита Тополова Исајловска, која моментно е в.д државен јавен обвинител, обвинителката Лидија Раичевиќ и судијата од Кривичен суд Скопје, Ненад Савевски.

На конкурсот што го распиша Собранието се јавија петмина кандидати. При оценката на кандидатурите Советот на јавни обвинители го дисквалифкуваше поранешниот судија Владимир Панчевски. Минатиот месец премиерот Мицкоски рече дека од четирите кандидати за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска.

Изборот на државен јавен обвинител следува откако во декември 2025 година Љупчо Коцевски даде оставка од функцијата, истиот ден кога Собранието требаше да расправа за неговото разрешување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk